ДЕНЕСКА НА ЕП: Хрватска и Шведска во двобој за прво место

Денеска на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка ќе бидат одиграни последните две средби од групната фаза.

По комплетирањето на четирите групи во Хернинг и Осло, како и на групата во Кристијанштад, денеска останува да се одиграат уште два дуели во Малме.

Во „Малме Арена“ ќе се сретнат домаќинот Шведска и Хрватска во битката за првото место во групата, па ќе биде познато кој ќе пренесе два бода во главната рунда, или можеби двете селекции ќе пренесат по еден ако одиграат реми.

Претходно Холандија и Грузија ќе играат за третото место во групата што носи повластена позиција во баражот за СП 2027 и скокање на една пречка.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

18:00 ХОЛАНДИЈА – ГРУЗИЈА
20:30 ШВЕДСКА – ХРВАТСКА