Иако допрва треба да се одиграат уште две средби од групата во Малме, каде игра еден од домаќините – Шведска, познат е изгледот на двете групи од главната рунда.
Франција, Германија и Португалија ќе ја имаат стартната предност во битката за полуфиналето од групата во Хернинг.
Во оваа група изненадувачки домаќинот Данска ќе почне без бодови, исто како и вториот домаќин Норвешка, односно Шпанија.
Во Малме, Словенија и Исланд ќе имаат по два бода, а може да им се приклучат Шведска или Хрватска, ако една од нив слави триумф во меѓусебниот дуел, или двете може да имаат по еден бод.
Без бодови ќе стартуваат Унгарија и Швајцарија.
Сите останати 12 селекции си заминуваат дома по три меча.
Европско првенство, главна рунда:
група 1 (Хернинг)
- Франција 2
- Германија 2
- Португалија 2
- Шпанија 0
- Данска 0
- Норвешка 0
група 2 (Малме)
- Словенија 2
- Исланд 2
- Шведска/Хрватска 2,1,0
- Хрватска/Шведска 0,1,2
- Унгарија 0
- Швајцарија 0

























