
Франција запиша втор триумф на ЕП и славеше против Украина со 20 голови разлика, 46-26, а тоа е доволно за втор круг на континенталниот собир.
На овој меч беше поставен еден нов рекорд на ЕП, а беше израмнет и еден негативен рекод во однос на гол-разликата на натпреварот.
Франција сега е на врвот по број на постигнати голови на еден меч од ЕП (46), а зад неа се Норвешка со 42 (42-31 против Полска на ЕП 2022) и Шведска со исто толку (42-26 против Грузија на ЕП 2024).
Чешка го држеше рекордот за највисока победа на ЕП (38-18 против Македонија на ЕП 1998), а сега и Франција и се придружи на делба на првото место со триумфот над Украина од 20 голови.


























