
Македонија ја очекува втор предизвик на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, а тоа е дуелот со Португалија.
Еден од најдобрите поединци во португалскиот состав, левиот бек Мартим Кошта, го најави двобојот со нашата селекција.
„Ќе биде поинаков натпревар отколку со Романија, бидејќи Македонија има многу квалитетни ракометари во напад. Сигурен сум дека ќе биде потешко. Тие одиграа навистина добро прво полувреме против Данска. Ние мора да ја одработиме нашата задача, и ако сакаме да се пласираме во главната рунда мора да ја победиме Македонија. Ќе биде тешко, но ние имаме квалитет“, вели постариот Кошта.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра утревечер од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.


























