Денеска ќе се одиграат шест натпревари од Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, а своите први мечеви ќе ги одиграат третиот домаќин – Шведска и Хрватска од групата во Малме.
Австрија и Србија по поразите во првото коло од Германија и Шпанија, ќе мора да бркаат победи ако сакаат да останат во игра за главната рунда, а доколку тоа не се случи веќе по второто коло ќе биде решено кои селекции одат понатаму.
Франција и Норвешка исто така вечерва може да обезбедат ТОП 12, бидејќи се големи фаворити против Украина и Чешка.
Хрватите ќе се соочат со Грузија во премиерата, а избраниците на Дагур Сигурдсон ако бидат на ниво би требало да ги освојат бодовите. Шведска пред својата публика исто така е фаворит за бодови против ослабените „лалиња“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 АВСТРИЈА – ШПАНИЈА
18:00 ХРВАТСКА – ГРУЗИЈА
18:00 УКРАИНА – ФРАНЦИЈА
20:30 ЧЕШКА – НОРВЕШКА
20:30 СРБИЈА – ГЕРМАНИЈА
20:30 ШВЕДСКА – ХОЛАНДИЈА


























