Шампионот Еурофарм Пелистер се раздели со еден од странците!

Шампионот Еурофарм Пелистер во продолжение од сезоната нема да смета на еден од странските ракометари.

Станува збор за египетскиот репрезентативец Калед Валид, кој дојде во Битола ова лето, но во последно време не беше во комбинациите на стручниот штаб.

„ Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Мохамед Калид Валид пред истекот. Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена. Во нашиот дрес Калид Валид го освои Суперкупот на Македонија и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите и Суперлигата. Клубот му се заблагодарува на соработката и му посакува успех во понатамошната кариера“, се вели во објавата на макеоднскиот првак.

Стручниот штаб на пелистерци ги има на располагање македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Самоил Ристевски, а дали ќе се засилува на пивотменската позиција останува да видиме.