Тимот на Атлетик, кој сосема извесно од наредната сезона ќе биде дел од елитната женска конкуренција, ја продолжи соработката со една од најдобрите ракометарки.
Потпишан е нов договор со капитенот Матеа Чурлиновска, кој е со важност до 2029 година, па прилепчанката уште долго време ќе го чува голот на Атлетик.
Со овој потег Атлетик покажа дека работи на долги патеки и дека планира да игра важна улога во македонскиот ракомет.
Атлетик ја заврши полусезоната со 11 победи на 11 натпревари и максимален број на бодови по есенскиот дел во Првата лига.
























