Вардар Неготино останува без Шилегов, Маркудов, Митревски…

Откако се раздели со левото крило Христи Бикоски, тимот на Вардар Неготино се раздели уште со тројца ракометари што дојдоа ова лето во клубот.

Станува збор за десното крило Мице Шилегов, кружниот напаѓач Андреј Маркудов и десниот бек Иван Митревски.

Неготинци ја почнаа сезоната со Пепи Манасков на клупата, кој замина по поразот во Штип, а до крајот на есенскиот дел од сезоната ги водеше Игор Котевски.

Со каков ростер ќе продолжи Вардар Неготино во пролетниот дел од сезоната ќе биде познато пред стартот на подготовките кон крајот на јануари.

Неготинци се на четвртото место на табелата со 18 бодови и имаат негатива од шест бода зад лидерот Младост Богданци со 24 бодови, а два зад Драчево кој е трет и има 20.