Лазаров: Кај нас очекувањата секогаш се големи, ако победевме – ќе беа уште поголеми

Машката репрезентација на Македонија загуби кај Хрватска со 26-23 во првиот пријателски натпревар пред Европското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров ги анализираше причините за поразот од Хрватска, која играше со вториот состав без главните ракометари.

„Промашивме пет пенали, три на стартот, а така не можеш да направиш ништо. Имавме доста проблеми, доста дупки, но некои работи се обидовме да ги направиме на најдобар можен начин, да пробаме со некои нови сили. Ни фалеше Лазаревски, но добро…Продолжуваме овде до 30 декември, па одиме во Швајцарија на турнир, па на ЕП. Нема да биде лесно, кај нас очекувањата се секогаш големи, ќе беа уште поголеми да ја победевме Хрватска, но ќе се бориме“, изјави Лазаров за „Спортске Новости“.

Македонија продолжува со тренинзи во Пореч до 30 декември, по краткиот одмор за празниците, следува турнир во Швајцарија и пријателски натпревари со домаќинот, Бахреин и Украина.