Една судиска двојка се откажа од ЕП – ЕХФ веднаш најде замена

Европската ракометна федерација објави дека има една промена меѓу судиите што ќе ги судат натпреварите на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

На местото на чешкиот пар Вацлав Хорачек и Јири Новотни, кои пријавиле повреда, делегирани се Србите Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ.

На ЕП ќе има историски момент за Македонија, односно за македонските судии, бидејќи два пара ќе делат правда на континенталниот собир.

Деби на големите натпреварувања во сениорска конкуренција ќе имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а номинирани стандардно се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

ЕХФ номинираше вкупно 18 судиски двојки од цела Европа, а само Шпанија и Македонија имаат по два пара.

ЕП 2026 ќе се игра во Хернинг, Осло, Малме и Кристијанштад од 15 до 1 февруари 2026 година.

ЕП 2026, судии:

Kоњичанин/Коњичанин (Босна и Херцеговина)
Хорачек/Новотни (Чешка) oтк.
Боричиќ/Марковиќ (Србија)

Хансен/Мадсен (Данска)
Алварез/Бустаманте (Шпанија)
Марин/Гарсија (Шпанија)
Шулце/Тониес (Германија)
Биро/Киш (Унгарија)
Елијасон/Палсон (Исланд)
Барисас/Петрусис (Литванија)
Ковалчук/Ковалчук (Молдавија)
Митревски/Тодоровски (Македонија)
Николов/Начевски (Македонија)
Павичевиќ/Ражнатовиќ (Црна Гора)
Јорум/Клевен (Норвешка)
Акото Мартинс/Акото Мартинс (Португалија)
Лах/Сок (Словенија)
Куртагиќ/Ветервик (Шведска)
Ердоган/Оздениз (Турција)

Историски момент: Деби за Митревски и Тодоровски, Македонија со два пара на ЕП 2026!