Македонската репрезентација денеска го имаше првиот собир пред Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.
Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, ги сподели очекувањата од настапот на континенталниот собир.
„Среќен сум што повторно сум дела од репрезентацијата и ќе бидеме дел од едно големо натпреварување и ова е најубавиот дел од годината, кога се бориме за својата држава. Имаме тешка група на ЕП, но имаме и квалитети и шанси да се бориме. Пред нас е период во кој ќе се подготвуваме и ќе играме неколку пријателски натпревари кои сигурно ќе ни помогнат. Треба да бидеме максимално спремни. Репрезентацијата од година во година е позрела и покажуваме квалитет, исто така и македонското првенство оваа година направи играчите да бидат поквалитетни. Голем дел знаат како да играат на резултат, имаме повеќе дерби натпревари, сите што се тука имааат главни улоги во клубовите. Тоа ќе биде предност за нас“, изјави Кузмановски.
На 28 декември е првиот пријателски дуел со Хрватска, а потоа од 8 до 10 јануари следува настапот на турнирот во Швајцарија, каде освен домаќинот ќе тестираме и против Украина и Бахреин.
Првиот меч на ЕП е против Данска на 16 јануари, а потоа се пресметките со Португалија и Романија на 18 и 20 јануари.
Лазаров: Ќе го дадеме најдоброто од нас, а ќе видиме тоа за што ќе биде доволно
























