Некогашниот селектор на женската младинска репрезентација на Македонија, Новко Георгиевски, денеска ја загуби најважната битка – онаа за живот.
Георгиевски кој подолго време се бореше со подмолна болест и одамна е надвор од ракометот, почина во текот на денешниот ден.
Освен селекторската функција и водењето на младинките на СП 2008 кое се играше во Македонија, Георгиевски работеше и во повеќе клубови.
Тој беше тренер на машкиот тим на Куманово, како и на женските тимови на Стружанка, Кабран Амбалажа и Кале Кичево.
Негови ќерки се поранешните репрезентативки на Македонија, Душица и Елена. Душица ја заврши активната кариера, а Елена во моментов е членка на турскиот Одунпазари.

























