Полскиот вицепрвак Келце објави дека е донесена одлука да се изврши оперативен зафат на левото рамо на Аркадиуш Морито по завршувањето на тековната сезона.
Полскиот репрезентативец има проблеми со левото рамо уште од 2023 година, кога за првпат се повреди за време на натпревар на репрезентацијата на Полска во Унгарија.
По завршеното лекување, Морито се врати на терените, но на почетокот на оваа година повторно ја обнови повредата, а во наредниот период, ваквата повреда се повтори уште шест пати.
Дополнителните медицински испитувања ја потврдија неопходноста од оперативен зафат, но Морито ќе ја доигра оваа сезона. Ќе биде дел и до Европското првенство и покрај присутните болки.
Рехабилитацијата по операцијата се проценува дека ќе трае од шест до осум месеци, што е условено од природата на повредата, а доколку состојбата на рамото се влоши, операцијата може да биде извршена и порано.


























