Чаир се прошета низ Куманово

Иако можеби се очекуваше посилен отпор од домашниот тим, сепак Чаир славеше убедливо на гостувањето кај Куманово со 36-29.

Сега Чаир има 22 бода на второто место на табелата зад лидерот Ѓорче Петров, кој е прв со 23 бодови. Сосема извесно утре на „лавиците“ ќе им се приклучи и Металург Автокоманда, кој би требало да има лесна задача со Астибо и ќе има 23 бода.

Чаирчанки уште од стартот поведоа со 7-1 во Куманово и покажаа кој е кој во овој натпревар, па на паузата замина со водство со 23-14.

Второто полувреме беше шанса за оние со помала минутажа, но немаше никакви возбудувања и Чаир рутински одработи до крај.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хана Мифтари со седум гола, како и Билјана Дамчевска и Мила Трајковиќ со по шест погодоци. Во домашниот тим десет гола даде Аманда Стеин.