ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел против тимот на Лазаров, Вардар на гости во Прилеп

Во Скопје и Прилеп ќе бидат одиграни првите две средби од последното суперлигашко коло за оваа 2025 година.

Вицепрвакот Вардар ќе гостува кај Прилеп и е голем фаворит за победнички крај на годината, додека Бутел Скопје ќе игра дома со „сино-белите“ од Автокоманда од 18:00 часот.

Денеска ќе биде спуштена завесата во прволигашката конкуренција за оваа есен со натпреварот во Автокоманда.

Таму од 17:30 ќе играат „витамините“ и Македонија Ѓорче Петров, а овие две екипи минатата сезона водеа големи битки за второто место, па ниту сега не би требало да изостанат возбудувањата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 МУЛТИ ЕСЕНС – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПРИЛЕП – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)