Металург Автокоманда се загреа за дербито со Ѓорче – го победи Пелистер со 26 разлика

Ракометарките на Металург Автокоманда имаа лесна задача на мечот од 11 коло од Супер женската лига и славеа против Пелистер со убедливи 36-10.

По 4-2 на стартот на мечот, серија од осум погодоци на домаќинките за 12-2 и веќе решен победник по дваесетина минути.

До паузата, избраничките на Јулијана Дамчевска водеа со 17-4, а второто полувреме беше прилика за сите ракометарки да добијат шанса за настап.

Сара Миновска со десет и Анастасија Николовска со пет гола беа најдобрите кај победникот, додека Анастасија Тодоровска даде четири за битолчанки.

На табелата, Металург Автокоманда има 21 бода, пред Ѓорче Петров кој има 17 бодови и Чаир со 16, но овие два тима допрва ќе ги одиграат своите дуели од 11 коло.