ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 10. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 10. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Астибо и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Супер женска лига, 10. коло, резултати:

ПЕЛИСТЕР – АСТИБО 27-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 26-30 (ИЗВЕШТАЈ)
СПАРТАК – ВАРДАР 20-30 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 22-39 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 10. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Марија Анчева - Астибо
35.00%
Сара Миновска - Металург Автокоманда
35.00%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
30.00%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Сара Миновска (Металург Автокоманда) – Левото крило постигна седум гола иако играше само во второто полувреме на мечот со Куманово.

Марија Анчева (Астибо) – Искусната ракометарка даде 14 погодоци на мечот со Пелистер, дел од нив беа клучни за триумфот во Битола.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка имаше значајна улога со девет погодоци на дербито против Чаир.