Десниот бек на Бутел Скопје, Димитар Узунчев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 13. коло од Супер машката лига.
Гевгеличанецот беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим против Радовиш и постигна девет погодоци.
Тој освои 88% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Прилеп, Владан Кастратовиќ, кој освои 11% од гласовите.
Номинирани за МВП на 13. коло од Супер машката лига беа Дејан Манасков, Ненад Костески, Марко Кизиќ, Стефан Петриќ и Кристијан Анастасовски.


























