Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот во „Арена Загреб“ меѓу хрватскиот првак и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Овој дуел може да се покаже како клучен за битолчани во битката за место во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Загреб досега нема ниту една победа во ЛШ, а шансата со новиот тренер Ненад Шоштариќ ја бараат против пелистерци.
Македонскиот првак има четири бода досега на седмото место, додека на петтото и шестото место се францускиот ПСЖ и данскиот ГОГ Гудме, кои имаат по шест бода, па сонот за пласман во ТОП 12 или осминафиналето се уште е жив.
Покрај мечот во Загреб, ќе се играат уште две средби во најелитната европска конкуренција – данскиот Алборг гостува во Букурешт, а Барса во „Блауграна“ го пречекува ПСЖ.
Денеска ќе се играат и шест натпревари од главната рунда на Светското првенство во Германија и Холандија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ЗАГРЕБ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 БАРСЕЛОНА – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
15:30 ЧЕШКА – АНГОЛА (СП)
15:30 ЈАПОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (СП)
18:00 БРАЗИЛ – ЈУЖНА КОРЕЈА (СП)
18:00 УНГАРИЈА – РОМАНИЈА (СП)
20:30 ДАНСКА – СЕНЕГАЛ (СП)
20:30 НОРВЕШКА – ШВЕДСКА (СП)

























