Вардар подготвува две „бомби“ – на шопинг во Лисабон и Букурешт!

Според пишувањата на „RTHandball“, по потписот на Бразилецот Да Силва, уште двајца ракометари се на чекор да потпишат со македонскиот вицепрвак Вардар.

Станува збор за белорускиот репрезентативец Никита Вајлупов, кој во моментов игра за португалската Бенфика, како и за средниот бек од Динамо Букурешт, Јоав Ламбросо.

Вајлупов е незадоволен од раководството на Бенфика, кое го остави без „спортска виза“, односно не ги обезбеди потребните документи за работа и престој во земја од ЕУ, па тој во моментов е во Нови Сад во Србија и тренира со Војводина, откако минатиот месец се врати во Белорусија за ЕХФ недела, но беше вратен од Лисабон назад и сега е во исчекување.

Ламбросо е израелски репрезентативец, кој беше дел од португалската Бенфика и францускиот Лимож пред да се пресели во Динамо Букурешт, каде оваа сезона не му оди најдобро.

Дали овие два трансфери ќе бидат реализирани останува да видиме.