„Магдебург е најдобрата екипа на светот, но ние ги имаме најдобрите навивачи“

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува натпреварот со европскиот шампион Магдебург во најелитната европска конкуренција.

Десното крило Богдан Радивојевиќ најави беспоштедна борба против бундеслигашот пред најдобрата публиката во Лигата на шампионите.

„Сите знаат какви играчи има Магдебург и колку години играат заедно. Се познаваат одлично, имаат добар систем по кој играат и сите договори ги почитуваат на терен, а тоа се гледа против некои екипи. Би се осудил да кажам дека Магдебург е најдобрата екипа на светот. Кога би знаел како да го изненадиме Магдебург, би рекол дека ќе победиме, но ќе се обидеме бидејќи покажавме дека изненадувања се можни. Кога се игра против нас, се игра и против нашата публика и на ниедна екипа не и е лесно во Битола. Ќе дадеме максимум и ќе пробаме да играме како знаеме и умееме. Тоа ќе го сториме не само поради нас, туку и поради публиката и навивачите што ќе дојдат да не бодрат. Тие се најдобрите во Лигата на шампионите“, изјави Радивојевиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.