Гарабаја: Мораме да ги запреме контрите и брзата игра на Магдебург

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува натпреварот со европскиот шампион Магдебург во најелитната европска конкуренција.

Тренерот на пелистерци, Рубен Гарабаја, посакува подобар перформанс на неговите играчи во споредба со првиот натпревар оваа сезона меѓу двете екипи, кога во Германија домашните славеа со 36-26.

„Веќе игравме со нив во Магдебург и сега ќе имаме шанса да поправиме многу работи што тогаш ги грешевме. Ќе го имаме целиот ростер на располагање за разлика од тогаш. Мораме да бидеме фокусирани во текот на целиот меч, тие имаат многу контранапади и постигнуваат многу голови. Играме пред нашите фанови, за ниеден гостин не е лесно да игра во пеколна атмосфера. Се надевам дека можеме да одиграме во Битола многу подобро отколку што одигравме во Магдебург“, изјави Гарабаја.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.