Следен и последен гостин во Битола во оваа година од Лигата на шампионите ќе биде европскиот првак Магдебург.
Тренерот на бундеслигашот, кој оваа сезона нема ниту еден загубен бод на осум натпреварите знае дека е тешко во Битола, но посакува продолжување на серијата.
„Еурофарм Пелистер покажа против Сегед колку е тешко да се игра против нив на нивни терен. Мораме да бидеме подготвени за да успееме. Секако, сакаме да ја продолжиме нашата серија на победи и да останеме непоразени“, изјави Вигерт.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот.
























