Во среда во Битола кај македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува европскиот шампион Магдебург.
Битолчани објавија дека започна продажбата на билети по цени од 450 и 550 денари, а тие може да се купат онлајн на клупскиот сајт ТУКА и на другите стандардни продажни места.
Нема сомнеж дека салата ќе биде исполнета до последното место, а европскиот шампион ќе биде на тест во Битола.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра на 26 ноември во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.
























