Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во преполна сала ќе го пречека европскиот шампион Магдебург, а арбитражата ќе ја делат судии од Словачка.
Станува збор за Борис Мандак и Марио Рудински, додека делегат на оваа средба ќе биде Словенецот Јанко Пожежник.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург ќе се одигра на 26 ноември во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.

























