Охрид се пласираше во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако со вкупни 42 погодоци разлика ја елиминираше Слога Добој.
Тренерот Борис Ројевиќ ги пофали своите избраници, кои и покрај високиот триумф во првиот меч, одиграа на ниво и во реваншот.
„Честитки за моите момци, кои и покрај тешкиот и напорен пат бидејќи е далеку, одиграа феноменален натпревар. Иако имавме висока предност од првиот меч, сепак во ниту еден момент не го потценивме противникот и одигравме можеби и подобро отколку во Охрид“, изјави Ројевиќ.
Следниот ривал во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп, Охрид ќе го дознае на ждрепката во Виена во вторник.
Oхрид со стил во евро-осминафинале – втора лекција за Слога!

























