„Дуелот на селекторите“ го доби Лазаров

Двата селектори на сениорските репрезентации на Македонија, на мажите и на жените, Кристијан Грчевски и Кирил Лазаров заврши во корист на тренерот од Автокоманда, кој со 33-24 се радуваше на победата над Тиквеш. Но, „женскиот селектор“ покажа дека и со скромен буџет и со „не репрезентативни играчи“ може да замрси многу сметки.

Најмладиот скопски ракометен тим оста на четвртото место на табелата, веднаш зад Охрид кој има еден бод повеќе (21). Тиквеш пак е во групата од три тима, заедно со Бутел и со Еурофарм Пелистер 2, и ќе се борат за двете места кои водат во разигрувањето за титулата. Разликата меѓу петтопласираниот Тиквеш (14 бода) и седмопласираниот Еурофарм Пелистер 2 е само два бода, а меѓу нив е Бутел кој има 13 бода.

По пауза од речиси една година на терен се врати Никола Костески кој имаше пет гла, сите од пенал. На дуелот во Автокоманда, фаворитот мораше многу да се мачи, особено во првото полувреме, Лазаров долго ја бараше седморката која може да донесе и да го одржи водството. Не одеше така лесно тоа, зашто Тиквеш најде противигра со која се спротистави. Иако прашање н авреме беше кога ќе попушти нивната концентрација, зашто и клупата беше послаба на гостите. Но, доволно да се покажат слабите страни на „тимот од Автокоманда“.

Домашните водеа со 7-3 во 9. минута, а потоа гостите за седум минути имаа серија од 6-0 па кавадарчани поведоа со 9-7. Потоа неколкупати гостите имаа водство од „плус 2“ и можност да зголемат, но тие акции не ги искористија, па „сините“ намалуваа на еден гол негатива,. Во 24 минута Ненад Костески погоди за израмнување на празен гол, а потоа и Карасманакис за водство 13-12. Оттогаш домашните не го испуштија и на одмор се замина со предност од 14-13.

Она што беше проблем за Лазаров во првото полувреме, се смени во продолжението, кое „сините“ го добија убедливо. За десет минути игра, во 40 минута домашните веќе водеа со 21-16, и се чинеше дека отпорот се скршен. Во средината на второто полувреме предноста беше „плус 7“, па сите чекаа со нетрпение да заврши натпреварот, бидејќи Тиквеш немаше сила ниту доби шанса за пресврт.

До крај имаа домаќините и предност од десет гола, што потоа беше намалено на 7, но на крај заврши со девет гола.
Кај домаќините со 6 гола најпрецизен беше Ненанд Костески, а по пет гола дадоа Никола Костески и Мартин Серафимов. Кај Тиквеш, по пет гола дадоа Мохамед Магду и Петар Цветковски.