Ракометарите на Охрид практично го обезбедија осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп уште по првата средба со Слога Добој која ја добија со 37-19.
Членот на стручниот штаб на „гладијаторите“, Наум Бабачев, е внимателен пред мечот и покрај високата предност, бара сериозен пристап од ракометарите.
„По пристигнувањето во Добој направивме уште една видео анализа. И покрај големата разлика, сакаме да имаме сериозен пристап, а да одработиме рутински. Исто така морам да споменам дека има освежување во екипата, одредени играчи добија поштеда, бидејќи ни следуваат важни натпревари како оној против Вардар наредниот викенд во Охрид, каде што се надевам дека ќе стигнеме до позитивен резултат“, вели Бабачев.
Натпреварот меѓу Слога Добој и Охрид се игра вечерва во „Арена Градишка“ со почеток во 18:00 часот.

























