Матијас Гидсел и Фуксе Берлин го совладаа Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, а по натпреварот данската ѕвезда доби необичен подарок од противнички играч.
Португалецот Кико Кошта му подари столна ламба од семејната фирма на семејството Кошта, а данската ѕвезда се огласи на Инстаграм.
„Ривали на терен, почит надвор од него. По натпреварот бев навистина трогнат од подарокот од Кико Кошта и неговото семејство. Почитта што ја делиме во ракометот ја прави нашата игра навистина посебна – секогаш треба да го помниме тоа“, напиша Гидсел и упати благодарност до семејството Коста.
На ламбата имаше и посвета упатена до Гидсел.
„Овој подарок ја претставува радоста и привилегијата да се натпреварувам против најдобриот ракометар во светот“.

























