Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 9. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 9. коло има по една ракометарка од Чаир, Куманово и Ѓорче Петров.
За ѕвезда на колото може да гласате до среда до 12:00 часот.
Супер женска лига, 9. коло, резултати:
АСТИБО – КУМАНОВО 24-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР 38-13 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ЧАИР 28-31 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СПАРТАК 36-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 9. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ана Марија Горговска (Куманово) – Голманката на Куманово имаше одлична партија на гостувањето кај Астибо.
Билјана Дамчевска (Чаир) – Искусната крилна ракометарка даде девет погодоци на мечот против Вардар.
Армина Исиќ (Ѓорче Петров) – Левиот бек од Босна и Херцеговина беше меѓу најдобрите во триумфот над Пелистер.

























