Скандал во Берлин – првиот трофеј на Фуксе украден од канцеларијата!

Голем скандал ја потресе ракометна Германија – шампионот Фуксе Берлин објави дека трофеј што клубот го освои во јуни во Бундес лига, прв во клупската историјат е украден од клупските простории.

Како што потврдија од клубот за германската новинска агенција ДПА, непознат сторител ја однел вредната титула од канцеларијата на Фуксе. Кражбата била пријавена во полиција во вторникот, а истрагата веќе е во тек.

Генералниот менаџер Боб Ханинг соопшти дека во канцеларијата имало скриена камера која го снимила моментот на кражбата, што дава надеж за брзо откривање на сторителот. Случајот е пријавен и во раководството на Бундес лигата.

Оваа титула беше симбол на историскиот успех на тимот кој во сезоната 2024/25 ја донесе првата шампионска титула во Берлин.