ПИОНЕРИ: Заврши есенскиот дел – шампионот Охрид на максимум по триумфот во Битола

Со дуелот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид, кој го добија гостите, беше спуштена завесата на есенскиот дел од пионерската машка лига.

Јован Спироски со осум, како и Илија Трајчески и Димитри Колески со по четири гола беа творци на победата на шампионот во Битола.

Еден од најперспективните ракометари од расадникот на таленти – Струга, Војо Клењоски, повторно беше во главна улога и ја предводеше Струга до важна победа над „витамините“ од Автокоманда. Тој даде десет погодоци и беше клучен фактор за триумфот.

Со оваа победа, шестa за Струга во сезоната, тимот се задржа на второто место во групата А, зад лидерот Охрид кој има 16 бодови.

Прилепчани славеа на гости кај Бутел Скопје со убедливи 30-20, а лидер беше Бојан Наскоски со 11 погодоци. Кај Бутел најдобар стрелец беше Филип Милошевски со осум гола.

Куманово немаше проблеми на гостински терен кај Шампион, исто како и Младост Богданци. Најдобри кај Младост Богданци беа Митев со шест и Каракабаков со пет гола, а Марко Димовски беше предводник на кумановци во високиот триумф.

Пионери, 9. коло, резултати:

група А
Бутел – Прилеп 20-30
Динг – Пролет 20-11
Струга – Мулти Есенс 18-14
Еурофарм Пелистер – Охрид 16-21

Табела: 1. Охрид 16, 2. Струга 13, 3. Мулти Есенс 12…

Група Б
Алкалоид – Гемиџии 28-19
Младост Богданци – Радовиш 26-12
Тиквеш – Македонија Ѓорче Петров 26-21
Шампион – Куманово 4-37

Табела: 1. Еурофарм Пелистер 2 16, Алкалоид 14, 3. Куманово 11…