Мечот на „дното“ се играше во Радовиш, но немаше ниту „Д“ од дерби, бидејќи Куманово одигра симултанка, и уште во првото полувреме направи предност, 15-7 што им беше доволна за вториот триумф сезонава, и пак против Радовиш, 30-19.
Сега Кумановци имаат 4 бода исто колку и Струга на 10 позиција на табелата, додека Радовиш останува „закован“ за последното место без освоен бод сезонава. Според досегашниот однос на силите во првенството Радовиш е еден од сериозните кандидати за директно испаѓање, иако има да се одиграат уште 10 кола од регуларниот дел, и уште толку разигрување за опстанок. Но, бидејќи нема освоени ниту еден бод, на Радовиш ќе му биде многу тешко да се избори за опстанок.
За 15 минути играње на средбата, Куманово најави дека е дојдено по триумф. Гостите имаа гол-серија од 7-0 и во периодот од 3 до 16 минута се стекнаа со предност, 8-1 која се провлекуваше до крајот на првото полувреме.
Намалија домаќините на „минус 6“ за 4-10, а потоа повторно Куманово отиде на највисоките „плус “ за водство 12-4. Тоа беше период во кој беше јасно дека гостите имаат подобар тим. Така остана и до крај на првото полувреме, кое заврши во корист на гостите од 15-7.
Предност од првото полувреме беше клучна за крајниот исход, а во вторите 30 минути Куманово само ја одржуваше предноста, не дозволувајќи му на противникот да се приближи. Во 40. минута гостите првпат зголемија на „плус 9“ за водство 19-10. Две минути подоцна, „пукна десетката“ за водство 21-11 и се чинеше дека домаќините немаа решение.
Мала нервоза донесе црвен картон за Здравко Постовл, кој имаше дуел со Габрел Черубин, а исклучување заработи и Тоше Ончев. Гостите имаа 4 играчи во поле, а домашните едне повеќе. Тоа многу не смени бидејќи разликата пак беше десет гола предност за Куманово, во 47 минута. Но, не застанаа тука гостите, па з апомалку од две минути постигнаа уште два гола. Сега единствено непознато беше дали разликата на крај од мечот ќе биде двоцифрена или не. Победникот одамна беше познат.
Во следното коло Куманово е домаќин на Прилеп, а Радовиш гостува кај Бутел.


























