Инцидент по мечот Висла – Барса, ЕХФ ги казни Сабате и Ортега!

Европската ракометна федерација преку Ракометнит Суд донесе одлука по повод инцидентите што се случија по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Висла Плоцк и Барселона, одигран на 23 октомври.

Постапката беше покрената поради вербален и физички конфликт меѓу тренерите на двата клуба – Хавиер Сабате (Висла Плоцк) и Карлос Ортега (Барселона).

Според одлуката на Ракометниот Суд, однесувањето на двајцата стручњаци било класифицирано како сериозно неспортско однесување, а кај Ортега биле утврдени отежнувачки околности.

Тренерот на Барса доби суспензија од еден натпревар во натпреварувањата под капата на ЕХФ и парична казна од 1.500 евра, додека Сабате е казнет со 750 евра.

Двајцата тренери имаат право на жалба до Судот за жалби на ЕХФ во рок од седум дена од денот на донесувањето на одлуката.