🇲🇰 Македонските легенди кои го потврдија доаѓањето на спектаклот „ЛЕГЕНДИТЕ НА СЦЕНА“!

Големи имиња, незаборавни кариери и емоции кои траат со децении — вака ќе изгледа големиот ревијален натпревар „All-Star Ракомет: Легендите на сцена“, кој на 29 октомври ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ.

Организаторите го потврдија списокот на македонски ракометари кои ќе бидат дел од спектаклот – имиња што ја испишуваа историјата на нашиот спорт:
Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Радослав Стојановиќ, Аце Станковски, Петар Ангелов, Бранислав Ангеловски, Ванчо Димовски, Владо Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев, Горан Кузмановски, како и тренерот Звонко Шундовски.

Ќе судат елитните македонски арбитри Драган и Маријан Начевски, Славе Николов – Ѓорѓи Начевски, како и Силвана Карбеска – Марија Илиева. Сите зад себе со завидна и призната судиска кариера.

🏆 ЛЕГЕНДИТЕ КОИ ЈА ИСПИШАА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ

Кирил Лазаров – најдобриот македонски ракометар во историјата, најдобар стрелец во историјата на Светските првенства и некогашен капитен на репрезентацијата. Рекорден по бројот на постигнати голови во Лига на шампионите и уште многу други рекорди поставени како член на македонската репрезентација. Со Барселона ја освои Лигата на шампионите, а со Македонија ги извојува најголемите репрезентативни успеси. Денес е селектор на националниот тим.

Борко Ристовски, легендарниот голман, со своите одбрани против најдобрите светски стрелци остана симбол на храброст и пожртвуваност. Беше дел од многу големи европски клубови. Моментно Министер за спорт

Стојанче Стоилов, капитенот на „златната генерација“ на Вардар, двапати европски шампион со клубот (2017, 2019) – ракометна икона која ја поврзува Вардаровата доминација со националниот идентитет.

Пепи Манасков, татко на македонскиот ракометен дух, човекот кој ја отвори европската врата за македонскиот ракомет во 90-тите и ги постави темелите за идните генерации. Ракометар на милениумот во Македонија.

Филип Миркуловски, „ракометен мозок“ кој остави трага во Бундеслигата со Вецлар, денес тренер во истиот клуб. Со Металург го постигна врвот во играчката кариера. Денеска спортски директор во РФМ.

Гоце Георгиевски, еден од најдобрите крила во последната деценија, симбол на брзина и борбеност.

Аце Станковски, дел од генерацијата која ги направи првите чекори по осамостојувањето на Македонија, и беше дел од националниот тим кој во 1993 година играше на првиот Трофеј Карпати како дел од репрезентацијата на Македонија. Тренер кој бил на клупата на повеќе тимови во Македонија.

На теренот ќе се појават и имиња што го граделе македонскиот ракометен темел – Иван Марковски, Радослав Стојановиќ, Петар Ангелов, Владо Неданоски, Александар Царчев, Лазе Мајнов, сите дел од генерации што го воделе нашиот спорт од првите европски настапи до големите арени.

🌍 ЅВЕЗДИ ОД СВЕТОТ – СПОРТСКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ

Покрај македонските херои, во Скопје ќе пристигнат и светски и европски шампиони:
Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Игор Вори, Арпад Штербик, Иван Чупиќ, Жоан Кањелас, Данил Шишкарев, Златко Хорват, Мануел Штрлек, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Петар Ѓорѓиќ, Илија Абутовиќ, Жељко Муса и многу други.
Меѓу нив има олимписки шампиони, светски и европски прваци, како и повеќекратни победници во Лигата на шампионите.

Интересот за овој настан е огромен – билетите се продаваат одлично преку TicketX, а организаторите најавуваат дека салата „Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последно место. Освен стандардните категории, постои и специјална VIP зона, со места веднаш до теренот – за вистинските вљубеници во ракометот кои сакаат да ги видат легендите од најблиску.

🎟️ Билетите се веќе во продажба преку www.TicketX.com.mk, а поради огромниот интерес, организаторите најавуваат дека дел од категориите – особено оние веднаш до теренот – се веќе при крај.

КУПИ БИЛЕТ НА – https://ticketx.com.mk/events/legendite-na-scena-01

❤️ Овие луѓе не се само легенди. Тие се историјата на македонскиот спорт.