Нешто не штима во Келце – „светата војна“ ја доби шампионот Висла Плоцк!

По серијата порази во Лигата на шампионите, тимот на Келце загуби првпат сезонава и во домашното првенство од првакот Висла Плоцк, 32-27.

На полувремето избраниците на Чави Сабате водеа со четири голови разлика, 18-14 и ја најавија победата.

Очигледно е дека во Келце нешто не штима и наскоро би требало да има големи промени во тимот.

Крилата Јарошевич и Морито беа најефикасни со седум, односно пет гола, а Даниел Душебаев даде четири голови.

Во редовите на Висла Плоцк, Герго Фазекаш беше најпрецизен со десет погодоци, Митја Јанц имаше осум реализации, а голманот Бергеруд запре осум удари.