Гарабаја: За да ја победиш Барса, мора да бидеш совршен!

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер беше поразен од Барселона со 34-30, но му пружи достоен отпор на каталонскиот гигант.

Тренерот Рубен Гарабаја ги сподели импресиите по натпреварот против тимот за кој што играше во минатото.

„За да ја победиш Барселона, мора да бидеш совршен. Ние одигравме добар натпревар, но не и совршен. Направивме неколку лесни грешки, не најдовме решение да ги запреме во одредени ситуации. Второто полувреме беше многу подобро, видов борбеност. Имавме мала шанса на крајот од натпреварот, но не успеавме да победиме. Мислам дека напредуваме секој ден и стануваме подобри. Мора да се фокусираме дури и на најмалите детали во играта“, изјави Гарабаја.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај европскиот шампион Магдебург.