Колку е силна Лигата на Европа – пет поранешни европски прваци играат во групната фаза

Само две екипи од Македонија играле во групната фаза од Лига Европа, Еурофарм Пелистер и сега Вардар. Битолчани двапати играа во осминафиналето, и еднаш само во групната фаза. Вардар пак лани играше во групната фаза, а претходно квалификации.

Иако е второ по ранг натпреварување во ЕХФ, Лига Европа сепак е силна, а тоа го докажуваат и трофеите кои ги имаат освоено екипите кои сезонава настапуваат во 8-те групи. Вардар денеска ја почнува сезоната во Лига Европа во групната фаза каде се уште и екипите на Кристијанштад (Шведска), Тулуз (Франција) и Сесвете (Хрватска).

Само две екипи од Македонија играле во групната фаза од Лига Европа, Еурофарм Пелистер и сега Вардар. Битолчани двапати играа во осминафиналето, и еднаш само во групната фаза. Вардар пак лани играше во групната фаза, а претходно квалификации.

Ако сте помислиле дека во ЛЕ играат „послаби“ екипи, треба да се спомене фактот дека сите 32 екипи што сезонава се дел од ЛЕ зад себе имаа освоено вкупно 27 трофеи, од 1993 година досега во сите купови.

Меѓу учесниците има поранешни шампиони на Европската лига ќе настапат сезонава: Бенфика (2022) и Флензбург (2024, 2025). Во групната фаза се и пет поранешни освојувачи на Лигата на шампионите: Бидасоа (1995), Монпелје (2003, 2018), Кил (2007, 2010, 2012, 2020), Флензбург (2014) и Вардар (2017, 2019).

Вкупно 27 европски трофеи (од сезоната 1993/94 наваму) се во сопственост на клубовите што сезонава ќе играат во групната фаза:

▶︎ 10 титули во Лигата на шампионите (Бидасоа, Монпелје, Кил, Флензбург и Вардар)
▶︎ 7 титули во ЕХФ Купот (Грањолерс, Флензбург, Кил)
▶︎ 5 во Купот на победници на купови
▶︎ 2 во Европскиот/Челинџ куп (Савехоф, Потаида Турда)
▶︎ 2 во Европската лига (Бенфика, Флензбург)
▶︎ 1 титула во ЕХФ Куп на градови

Вечерва од 18:45 часот, Вардар во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на Сесвете во рамките од првото коло.

Лига на Европа, 1 коло:

18:45 ФЕРЕНЦВАРОШ – КАРЛСКРОНА
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – ХАНОВЕР
18:45 ВАРДАР – СЕСВЕТЕ
18:45 МОНПЕЛЈЕ – КИЛ
18:45 КАДЕТЕН – АДЕМАР ЛЕОН
18:45 МЕЛСУНГЕН – БЕНФИКА
18:45 ПОТАИСА ТУРДА – БИДАСОА ИРУН
18:45 ТАТРАН ПРЕШОВ – САВЕХОФ
20:45 ЕЛВЕРУМ – ЛУЦЕРН КРИЕНС
20:45 ФЛЕНСБУРГ – СЕН РАФАЕЛ
20:45 ФРАМ – ПОРТО
20:45 ГРАНОЉЕРС – СКАНДЕРБОРГ
20:45 НЕКСЕ – ПАРТИЗАН
20:45 ОСТРОВИЈА – БЕРН МУРИ
20:45 СЛОВАН ЉУБЉАНА – БАЈА МАРЕ
20.45 ТУЛУЗ – КРИСТИЈАНШТАД