Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува натпреварот со каталонскиот гигант Барселона во Лигата на шампионите.
Десниот бек Анжеј Видомски веќе дебитираше во составот на пелистерци и ги сподели очекувањата од новата пресметка.
„Првите минути ги одиграв против Охрид и атмосферата во салата беше извонредна. Во Плоцк дебитирав во Лигата на шампионите, но можеби не одиграв толку добро. Сепак, тоа беше само првиот чекор и верувам дека ќе биде подобро. Барса игра многу добро, во некои сегменти игра слично како Висла Плоцк. Знаеме како треба да играме и ќе се обидеме да го дадеме нашето најдобро издание. Сакам да ги повикам фановите, ни треба нивната помош“, изјави Видомски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона се игра во среда од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“, а билети веќе нема.