Македонскиот вицепрвак Вардар го започнува својот настап во новата сезона од Европската лига на ЕХФ со натпревар на домашен терен против хрватскиот претставник Сесвете. Средбата ќе се одигра во вторник, со почеток во 18,45 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје.
На официјалната прес-конференција пред мечот, тренерот Иван Чупиќ и капитенот Гоце Георгиевски ја пренесоа атмосферата од соблекувалната и очекувањата пред европскиот старт.
Стартува европската лига, домашен терен, со непозната екипа, фаворити сме на мечот. Трениравме добро,спремни сме за ривалот. Ги повикувам сите навивачи да не поддржат и со победа да го отвориме ова натпреварување. Имаме големи амбиции во оваа натпреварвање. Се надевам на победа, и заедно да ги оствариме целите што нис епоставени, вели капитенот Георгиевски
Вардар се наоѓа во групата Ф од Европската лига, заедно со францускиот Тулуз и шведскиот Кристианштад.