Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој век го посвети на ракометот!

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник откако почина Илија Темелковски.

Тој беше македонска ракометна легенда, екс селектор на сениорска репрезентација, човек што ја однесе Македонија на 11 место на СП во Хрватска.

Не смее да се заборави неговиот успех со младинската селекција и освојувањето на шестото место на СП во 2017 година во Алжир, а претходно ги водеше младинците до четвртото место на ЕП 2002.

Тука се неговите подвизи како играч во редовите на суперлигашот Пролет од Скопје, а ги водеше и Струга и Еурофарм Работник…

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на градски гробишта Бутел.