Јехона не признава фаворити – ја совлада Македонија ЃП во Гостивар

Тимот на Јехона направи мало изненадување и успеа да ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 25-22 во прволигашката конкуренција.

Клучниот момент се случи на десетина минути до крајот, кога избраниците на Фари Селмани направија залиха од три гола.

По 19-19, предводени од Тасески, гостиварци полека ја откажуваа гостинските екипа од бркање на позитивен резултат, 23-20.

До крајот „лавовите“ не успеаја да се приближат и победа остана за Јехона, за која Тасески и Салиу имаа по осум погодоци.

Во составот на Македонија Ѓорче Петров десет гола даде Чакалиќ. Во следното коло Јехона ќе игра на гости кај Овче Поле, додека „лавовите“ ќе го чекаат Текстилец.