Ракометарите на Драчево Јуниор продолжуваат во победнички стил во Првата лига, откако славеа со 53-26 против Партизан Гевгелија.
Драчевци сега имаат четири победи на четири меча и најавуваат сериозна кандидатура за врвот и борба за елитната конкуренција.
Нападот на Драчево Јуниор на четири натпревари даде 180 погодоци, или во просек по 45, иако против себе имаше екипи против кои беше фаворит.
На дуелот со Партизан девет гола за Драчево Јуниор даде Дабески, а седум пати погоди Стојменов, додека кај гевгеличани Пејковски имаше осум погодоци.
Во следното коло Драчево Јуниор ќе игра на гости кај Вардар Неготино, а Партизан Гевгелија ќе го пречека Шампион.