„Легендите на сцена“ – ракометен спектакл што не треба да се пропушти!

Многу ѕвезди на едно место, многу емоции и едно големо враќање на славните имиња на македонскиот ракомет. На 29 октомври во спортскиот центар „Јане Сандански“, публиката ќе има ретка можност повторно да ги види легендите на сцена – вистински ревијален ракометен спектакл што ќе ги обедини најголемите имиња од македонската и европската ракометна историја.

Настанот е организиран во чест на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски радио медиум во земјава. Наместо традиционална прослава, тимот на радиото одлучи на публиката да ѝ подари нешто многу повеќе – емотивен, забавен и незаборавен натпревар, кој ќе ги врати спомените на златните времиња на македонскиот ракомет.

Ќе ги гледаме повторно на дело Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓорѓоновски, Велко Марковски, Лазе Мајнов, Александар Царчев и многу други кои ја испишуваа историјата на нашиот спорт.

Најголемото изненадување е доаѓањето на странските ракометни легенди кои оставија неизбришлива трага во Македонија или имаат освоени медали на ЕП, СП и Олимписки игри – Арпад Штербик, Жоао Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Ренато Вугринец, Данил Шишкарев, Горан Шпрем, Тимур Дибиров, Марко Вујин, Мирза Шариќ и уште неколку големи имиња кои повторно ќе заиграат во Скопје.

Публиката повторно ќе има можност да ги види Лино Червар и Веселин Вујовиќ – двајца стратези што го обликуваа најголемото ракометно ривалство на овие простори, кога Металург и Вардар ги играа своите легендарни дуели во Лигата на шампионите.

Во улога на селектори и судии ќе се појават познатите спортски имиња Звонко Шундовски, Ѓорѓи Начевски – Славе Николов, Силвана Карбеска и Марија Илиева, што ќе му даде дополнителен шарм на овој спектакл.

🎟 Поради големиот интерес, организаторите упатуваат апел билетите да се набават навреме, бидејќи интересот е огромен, а салата „Јане Сандански“ сигурно ќе биде исполнета до последно местo.

https://ticketx.com.mk/events/legendite-na-scena-01

Овој настан не е само натпревар – тоа е емотивна прошетка низ историјата на македонскиот ракомет, обединување на генерации и спортска приказна што ја заслужува вниманието на секој љубител на ракометот.

На 29 октомври, легендите повторно на сцена!