Божиновски и Начевски добија делегирање во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло од групната фаза на Лигата на Европа.

Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе ја отворат новата сезона со патување во Словенија.

Тие ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу амбициозниот Слован Љубљана и романската Баја Маре.

Овој дуел на кој делегат ќе биде Бугаринот Михаил Башев е закажан за 14 октомври во „Тиволи“ во Љубљана со почеток 20:45 часот.