Нова бомба во Охрид: Доаѓа Томислав Јагуриновски!

Ракометниот клуб Охрид е треба да добие сериозно засилување за продолжението од сезоната. Според информации до кои дојде 24Ракомет, искусниот десен бек Томислав Јагуриновски ќе го засили тимот и ќе настапува за охриѓани до крајот на тековната сезона. Охрид не застанува со засилувањата со кои само ги потврдуваат амбициите да бидат во самиот врв.

Нашите извори потврдуваат дека сите детали меѓу двете страни се веќе договорени, а официјалната промоција на новото засилување се очекува во следните денови.

Јагуриновски е репрезентативец на Македонија со богато домашно и меѓународно искуство. Кариерата ја започна во младинските категории на Металург, каде што подоцна настапуваше и за првиот тим. Потоа ги бранеше боите на Вардар играше на Исланд, па во Пролет. Со Вардарима титула во домашното првенство и Купот на Македонија.

Во изминативе месеци 26-годишниот бек настапуваше во Германија, во тимот на Десау кој игра во Втората ракометна Бундеслига. Сега ќе се врати во македонското првенство со желба да помогне на амбициозниот тим од Охрид. Со неговото пристигнување, Охрид добива играч кој може да внесе стабилност и лидерство во бековската линија, но и дополнителна сила во нападот.

Ако се потврди трансферот, тоа ќе биде едно од позначајните засилувања во македонската Супер лига оваа есен, а навивачите на Охрид сигурно имаат причина за оптимизам пред продолжението на сезоната.