МЛАДИНКИ: Атлетик броеше до 47 во Куманово, Пелистер убедлив против Гевгелија Југ

Комплетирано е второто коло во младинската женска лига со победи на тимовите на Атлетик и Пелистер.

Новиот тим на македонската ракометна сцена беше убедлив на гостувањето кај Куманово и славеше со 25 голови разлика.

Сите ракометарки постигнаа погодоци на овој меч, освен голманките, а предводнички беа Сандра Трпеска и Андреа Конеска со по осум гола, додека по седум пати реализираа Михаела Кралева и Анастасија Дамјановска.

Пелистер исто така оствари убедлива победа над Гевгелија Југ со 17 погодоци. Сара Котевска и Аријана Сулејмановска комбинираа 12 гола во битолската екипа, додека Симона Динева погоди шест пати за гевгелискиот тим.

Младинки, 2 коло, резултати:

Куманово – Атлетик 22-47
Пелистер – Гевгелија Југ 30-13