ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на жежок терен во Полска, три средби во Македонија

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го игра четвртиот натпревар од Лигата на шампионите. Битолчани ќе и гостуваат на Висла Плоцк, која имаше одличен старт во новата сезона во најелитното натпреварување.

Полскиот првак ги победи на гости ПИК Сегед и Загреб дома, а беше блиску да извлече барем бод на гостувањето кај европскиот првак Магдебург. Еурофарм Пелистер имаше болен пораз од ГОГ Гудме во минатото коло, но на свое конто има бодови од домашната победа над Загреб.

Двете екипи досега имаат одиграно две средби во Лигата на шампионите, оние минатата сезона, а си поделија по еден триумф на домашен терен. Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во салата „Орлен Арена“ со почеток од 18:45 часот.

Во Лигата на шампионит денеска ќе се играат уште три средби – во Гудме кај ГОГ гостува европскиот првак Магдебург, во сканди двобојот ќе играат норвешкиот Колстад и данскиот Алборг, додека во Лисабон оди Нант.

На домашно тло, во Супер женската лига, ќе се одиграат двете заостанати средби во Битола меѓу Пелистер и Металург Автокоманда, како и во Куманово, каде ќе гостува Вардар. Овие два меча беа одложени поради европските настапи на Куманово и Металург Автокоманда.

Во Охрид, амбициозниот тим на „гладијаторите“ порано од предвиденото, ќе го одигра дуелот од 7 коло против Радовиш во СРЦ „Билјанини Извори“. Овој дуел ќе почне од 18:30 часот, а се игра порано поради европскиот настап на тимот на Борис Ројевиќ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ГОГ – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 КОЛСТАД – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
15:30 ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ОХРИД – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 КУМАНОВО – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 БАЊИК МОСТ – СЛАВИЈА ПРАГА (МОЛ ЛИГА)
20:00 ТУЛОН – БЕЗАНСОН (ФРАНЦИЈА)
19:00 БОР – ЖЕЛЕЗНИЧАР ИНЏИЈА (СРБИЈА)
19:15 БЕРН МУРИ – СУР АРАУ (ШВАЈЦАРИЈА)
15:00 УСКУДАР – ОДУНПАЗАРИ (ТУРЦИЈА)