Во 59. минута Бутел водеше со два гола – на крај Пролет извлече реми

Градското дерби меѓу Бутел и Пролет заврши со реми, 22-22, иако домашните ги делеа 23 секуди до победа. Имаше Бутел тајмаут и последен напад, но наместо долг, смирен и пред се рутински напад, тие избрзаа и топката заврши во рацете на голманот Солев.

Потоа гостите брзо организираа напад во кој Андреј Стојановски од крило постигна гол за израмнување. Немаше време за нов напад, па играчите на Пролет се радуваа бидејќи реални тие извлекоа бод.

Вториот дле од натпреварот се играше „гол за гол“ и двете екипи имаа свои минути во кои водеа, но ривалот секогаш израмнуваше, и поведуваше. На две минути до крај Бутел имаше предност од 21-19, а во последната минута и 22-20. Брзо се менуваа работите, и гостите намалија, и потоа ја искористија и брзото исфрлање на топката, за напад кој им донесе реми.

Бутел има 9 бода по 6 одиграни натпревари и е четвртото место н атабелата, а Пролет има два бода помалку.

Во следното коло Пролет е домаќин на Еурофарм Пелистер, а Бутел треба да гостува во Автокоманда.