Тимот на Охрид по поразот од шампионот Еурофарм Пелистер, продолжува со обврските во Супер лигата.
Следен ривал на избраниците на Борис Ројевиќ ќе биде тимот на Радовиш, кој е единствениот без освоен бод во елитното друштво.
Десниот бек Никола Шипинкоски очекува враќање на победничките патеки.
„Во среда ни гостува екипата на Радовиш, која има комбинација од млади и искусни играчи во составот, а ние мора да имаме добар пристап за да стигнеме до уште една победа на домашен терен“, вели Шипинкоски.
Натпреварот меѓу Охрид и Радовиш се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:30 часот.